Документарниот филм посветен на еден од најголемите македонски сликари Владимир Георгиевски (1942-2017) „Македонскиот Дон Кихот“, во режија на Константин Плевнеш, а во продукција на ЕФА, поддржан од Агенцијата за филм, ја продолжува својата европска и светска одисеја.
Имено, на годинешното издание на фестивалот Балкан трафик во Брисел (21-24 април) во официјалната програма на фестивалот, филмот ќе се најде во придружба на исклучително значајни имиња од балканскиот културен простор во претсолнината на Европа.
За одбележување е присуството во програмата на Ибрахим Малуф, Теодосиј Спасов, Неле Карајлиќ, Васил Хаџиманов итн., а посебен акцент е ставен на презентацијата на Нови Сад како град на културата на Европа за 2021 година.