Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас утре и задутре ќе ги посети Приштина и Белград, соопшти германското МНР.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Адебар, им изјави на новинарите во Берлин дека министерот Мас ќе биде во Приштина в четврток на 22 април и дека еден ден подоцна ќе го посети Белград.

Според неа, тој, меѓу другото, ќе разговара со косовските и српските соговорници за процесот на дијалог за нормализирање на односите.