Изборниот процес непосредно од терен го набљудуваат и странските дипломати во Албанија. Амбасадорот на Европската унија во Албанија, Луиџи Сореца непосредно од терен изјави дека ЕУ ќе го следи процесот на гласање низ целата земја, истовремено потенцирајќи дека има многу луѓе кои процесот го следат во и надвор од Албанија.

Додаде дека не сака да врши притисок, но потребно е малку за да се разбере важноста на овој процес.

-Ви посакувам успех и добра работа. Ние ќе бидеме присутни низ цела Албанија. Ќе ја гледаме вашата работа, се што е поврзано со процесот. Сакам да знаете дека има многу луѓе кои ве следат внатре и надвор од Албанија. Не сакам да ве притискам, но треба малку притисок за да ја разберете важноста, рече дипломатот на ЕУ.

Амерканската амбсадорка, Јури Ким од северниот албански град Скадар упати апел до граѓаните да излезат и да гласаат слободно, додавајќи дека денешнот ден им припаѓа ним.

Таа повтори дека САД не поддржуваат ниту една партија или кандидат, туку слободно дадениот глас на граѓаните.

-Системот за електронска идентификација работи многу добро, всушност, видов во еден случај како опцијата за картичката не излезе преку системот, но тие имаа план за замена што го спроведоа. Сакам да истакнам дека САД не поддржуваат политичка партија или кандидат, туку правото на Албанците да гласаат и се надеваме дека секој граѓанин може слободно да гласа. Ова е ваш ден, порача Ким.

Според Централната изборна комисија, изборниот процес минува без некои поголем проблеми, освен што во неколку избирачки места има проблеми со апаратите за електронска идентфкација, а регистран е и еден случај како гласач го фотографира гласачкото ливче.