Шефицата на мисијата на набљудувачи на ОБСЕ / ОДИХР, Урсула Гачек, по посетата на едно избирачко место во Тирана, изјави дека набудувачите на ОБСЕ / ОДИХР не се во Албанија за да даваат препораки или совети.

Таа појасни дека прелиминарниот извештај за заклучоците на набудувачите ќе биде презентиран утре попладне, на онлајн конференција, на која ќе учествуваат и новинари и можат да поставуваат прашања.

-Ние заедно со колегите кои пристигнавме во Албанија од 17 март го набудуваме процесот на гласање. Ова е најважниот ден за вас. Сите се прашуваат каков е впечатокот на амбасадорката кога оди на избори, но можам да ви кажам дека она што го прават набљудувачите денеска е само мал дел од целиот процес. Затоа до утре попладне нема да даваме извештај за тоа што се случило во текот на целото наше набудување, рече Гачек.

Значи, додаде таа, ние сме тука за да ви покажеме дека нашата мисија е да набљудуваме, а не да советуваме или да даваме препораки.

-Кога целиот процес ќе заврши и ќе ги собереме фактите, се надеваме дека ќе излеземе со фер извештај за целиот изборен процес во Албанија. Јас би ве замолила да покажете трпеливост до утре попладне кога ќе се одржи онлајн конференција и ќе можеме да одговориме на вашите прашања и да го презентраме извештајот од моментот кога набљудувачите пристигнаа во Албаниј, нагласи Гачек.

Ова е прчината, посочи таа, што не одговарам на новинарски прашања, туку веднаш заминувам на терен.

За изборите во Албанија ОБСЕ/ОДХИР има ангажрано 274 набљудувачи од нив 24 долгорочни, останатите 250 ќе бидат само денеска.