Познатата манекенка Кендал Џенер повторно покажува дека се труди да ги следи трендовите. Таа во мигов е „во фаза“ на рок-стил и тоа е навистина очигледено на нејзините објави на Инстаграм. Црната кожа ја има во скоро секоја нејзина комбинација.

Проѕирна маица, црно здолниште и палто се нејзиниот избор на еднобојни креации. Но, таа не сака класични одела, туку е посветена на оној „моторџиски стил“.

Не додава ниту блескав накит на црното, туку евентуално, додатоци коишто се скоро незабележливи. Џенер ја сака и темно кафеавата боја на јакната, којашто секогаш оди со соодветни чевли, односно чизми и – чанта.


Администратор
27/04/2021 21:34