Данијела Мартиновиќ ја претстави својата нова песна „Ljubav ne odustaje“. Ова е прва соработка помеѓу Данијела и авторката Мира Лесиќ, чија желба беше долго време да напише песна за Данијела. Покрај Лесиќ на песната се потпишуваат Миро и Инес Прајо, како автори на текстот.

-„Многу е тешко да се опише за каква песна станува збор, бидејќи има толку силна порака. Ова е всушност песна на иднината која има свое минато. Како кога пишувам поетски записи, секогаш се повикувам на некои од моите искуства, бидејќи мислам дека вистината е она што ни треба, како мост кон друго срце. Срцето секогаш ја препознава вистината и ова не е поетски запис, туку вистинит текст.”, вели Даниела за песната на која е исклучително горда а која содржи силни пораки.

Спотот е сниман во каменолом, во поприлично лоши временски услови. Данијела со спотот се приклучи кон попопуларното движење за рециклирање на веќе видените стајлинзи. Таа во спотот го носи белиот комбилизон на модното дуо „Арилео“, што го носеше за прв пат пред осум години, како омаж на нивната 10-годишна соработка.


Администратор
28/04/2021 00:18