Се чини, и по растењето пет деца, како и после глумата во светски познатата комедија „Полицаец во градинка“, Арнолд Шварценегер тешко ја заслужува довербата на ќерка сѝ Кетрин околу внуката Лајла која има едвај 10 месеци.

На гостувањето на „Шоуто на Џими Кимел“, Шварценегер (73) се пожали дека „сега се чувствува стар“, кога го нарекуваат „дедо“.

– Сега имам внуче. Но, навистина е одлично да имаш внука. Тоа е прекрасно, убаво бебе – Лајла. И, јас сум многу горд на Кетрин и Крис (Прат, глумец и сопруг на писателката). Тие се снаоѓаат навистина одлично заедно како родители!, истакна Арнолд.

Домаќинот потоа праша – дали поранешниот гувернер на Калифорнија ѝ ги менува пелените на малечката?

– Го правев тоа со моите деца… Но, никогаш не сум ѝ менувал пелени на Лајла, затоа што Кетрин е одлична стручна надзорничка. Таа, секогаш кога ќе го допрам бебето, ќе почне: „О, Боже мој! Ох, Боже! Вака се прави тоа!“ …И, ќе ме истурка и ќе ја презеде работата. Мислам дека тоа е природно, раскажува дедо Арнолд.


Администратор
28/04/2021 13:43