На 5 мај, бугарскиот претседател Румен Радев ќе и го предаде мандатот за состав на нова влада на кандидат од Бугарската социјалистичка партија.
Таа партија е трета по големина парламентарна група во Националното собрание. Тоа го соопшти прес-службата на шефот на државата.
Како што јави дописникот на МИА од Софија претседателката на БСП, Корнелија Нинова објави дека попладнево ќе се одржи вонреден состанок на ИК на БСП, кога ќе се одлучи кога ќе биде Националниот совет на БСП свикан. Таму ќе се одлучува дали ќе се прифати мандатот од претседателот на Бугарија, Румен Радев.