Во заостанат натпревар од 20. коло во Првата македонска кошаркарска лига, Куманово вечерва го победи МЗТ Скопје Аеродром на гостински терен со 83:76.

По овој пораз, МЗТ Скопје Аеродром ги загуби и теоретските шанси за првото место на табелата во регуларниот дел од Првата лига. Кумановци со новите два бода може да се надеваат и на некое место погоре на табелата во пресрет на плеј-офот.

МЗТ има биланс 14-7 е трет на табелата, додека Куманово е со ефект 12-9 е на делба на петтата позиција.

До крајот на регуларниот дел, на двете екипи им останува да одиграат уште по еден натпревар.


Администратор
05/05/2021 23:31