Веќе подолго време во јавноста се говори гласно дека партиски кадри од власта добиваат предност за вакцинирање. Како партиските книшки веќе да не се само услов за вработување туку сега станаа и за вакцинирање, коментиораат граѓаните на социјалните мрежи. Нас вакците информации реагираат и здруженијата на лица со посебни потреби:

-Совеста е многу важна кај луѓето. Сега ако тие решиле тоа да го направат .. се знае во оваа земја се што ќе се реши да се направи се прави . Обичниот граѓанин се знае не се ни прашува, а граѓаните со големи проблеми како нас се само за сликање, вели за Алфа, Зоран Мијалков од Здружение Сплотени срца.

Инаку информацијата дека партиски се вакцинира веќе некое време е присутна во јавноста. Пред извесно време проциркулира маил од СДСМ за правење на списоци за приоритет при вакцинација, кој беше експресно демантиран од партијата на власт.


Администратор
12/05/2021 01:10