Младинскиот инфо клуб од Битола, кој е менториран од страна на МКЦ и поддржан од УНДП, во дворот на ФИКТ во Битола организираше настан „Живи библиотеки“, каде книгите се луѓето, а читањето е всушност разговорот.

Луѓе-книги, на настанот што се одржа во средата, беа Марјан Бакревски – музичар во светот на крафт пивата, Горан Панкерот-антрополог во светот на мобилни телефони, Теона Манго – од свет на дипломатија на Квин Мери Универзитет во Лондон до еко платформа за будење на навиките за одржлив живот, Мартин -Улаф Сте, еден од основачите на првото знаковно кафуле во Битола, Јасмина 3/4 – од свет на економија во свет на дизајн, Милан Петровски Game Developer и креатор на првата македонска игра во виртуелна реалност. За одличните „книги“ да станат волшебни се погрижи DJ Chiko кој приреди лајф сет на македонска музика издадена на винили.

Основната цел на „Живи библиотеки“ е да креира простор за конструктивен личен дијалог помеѓу луѓето кои во нормални околности немаат можност да зборуваат помеѓу себе.