Советот на Европската унија за една година ги продолжи санкциите за одредени граѓани и организациите од Русија поради „учество во компјутерски криминал“.

На списокот на оние чии санкции се продолжени, се и лица и групи од Северна Кореја и Кина.

– Советот на ЕУ донесе одлука за продолжување на режимот на ограничувачки мерки поради кибернапади кои и се закануваат на ЕУ и на нејзините земји-членки за една година – до 18 мај 2022 година, се вели во соопштението на ЕУ.

За да биде одобрен списокот со санкции, потребна е едногласна поддршка од 27 земји на ЕУ.

Службата за надворешна политика на ЕУ претходно предложи сегашниот режим на санкции на ЕУ да се зајакне со нови ограничувачки мерки поради кибернапади.

Исто така беше предложено да се воведат такви санкции со просто мнозинство со цел да се забрза процесот.

Европската унија воведе санкции во рамките на режимот за кибер криминал за првпат на 30 јули 2020 година, а на списокот се најдоа граѓани и организации од Русија, Кина и Северна Кореја.