Палестинците во Израел, Ерусалим и на окупираниот Западен брег денеска одговорија на повикот за генерален штрајк во знак на протест против конфликтот во Појасот Газа.

Тие протестираат и против израелската политика, за која многу активисти и некои организации за човекови права тврдат дека претставува систем на апартхејд во кој на Палестинците им е ускратено правото што го имаат Евреите.

Израел ги отфрла ваквите проценки, тврдејќи дека граѓаните на таа земја ги имаат истите права и ја обвинува Хамас, исламската екстремистичка организација што владее со Газа, за конфликтот и за поттикнување насилство низ целиот регион.

Лидерите на палестинската заедница во Израел, која сочинува околу 20 отсто од деветте милиони жители во Израел, повикаа на штрајк.

Поканата беше прифатена од палестинските власти, палестинскиот претседател Махмуд Абас на Западниот брег, која има поддршка од Западот.

Министерствата и училиштата таму се затворени, а повеќето компании исто така одговорија на штрајкот.

Еден од организаторите на штрајкот, Мухамед Баракех, поранешен член на израелскиот парламент, рече дека Палестинците изразуваат колективен став против „агресијата“ на Израел во Газа и Ерусалим и бруталната репресија на полицијата во рамките на еврејската држава.

Во понеделникот вечерта вооружени луѓе шетаа низ улиците на Рамала, каде е седиштето на палестинските власти, на Западниот брег, подготвувајќи се за таканаречениот

„ден на гневот“, пренесуваат израелските медиуми.

Немири избувнаа и во градовите во Израел каде има мешано население, Евреи и Арапи.


Администратор
18/05/2021 14:31