Во земјите од Европската унија досега се администрирани повеќе од 200 милиони дози вакцини против Ковид-19, а скоро 53 милиони Европејци се целосно вакцинирани.

Во 27 земји се аплицирани најмалку 200 милиони дози на околу 148 милиони луѓе, што е 32 проценти од населението на Унијата.

До сега во Унијата целосно се вакцинирани најмалку 52,90 милиони луѓе со две дози или една доза во случајот на Џонсон и Џонсон, или 11,8 проценти од населението.

Во Бугарија, само 10,2 проценти од населението е вакцинирано со една доза и шест проценти со две дози.

Малта има најголема стапка на вакцинација, 32,5 проценти од населението е целосно вакцинирано, додека 64 проценти примиле најмалку една доза.

Во Франција, 13,5 проценти од населението е целосно вакцинирано, во Германија 11,1, додека, за споредба, во САД две дози примиле 37,4 проценти од Американците, а во Велика Британија скоро 30 проценти.


Администратор
18/05/2021 14:42