Ако изборите во Бугарија се одржуваа денеска – ГЕРБ ќе сметаше на 22,8 проценти од гласовите,„Има таков народ” би добил на 20,1 процент, БСП – 16,1 процент.

Тоа се резултати од накета на Галуп Интернешнл Балкан, меѓу 7 и 14 мај, меѓу 812 возрасни Бугари.

„Демократска Бугарија” би добила 11,6 проценти, ДПС – 11,2 проценти, „Стани! Мафијата, надвор!” – 5,6 проценти, ВМРО – 3,1 процент, партијата на Васил Божков – 2,8 проценти…

Сигурно на изборите на 11 јули би гласале – 57,9 проценти од сите испитаници, 16,7 проценти велат дека најверојатно ќе гласаат, 8,3 проценти велат дека веројатно нема да гласаат додека – 13,7 проценти велат дека сигурно нема да гласаат.