Специјализирана полициска единица ќе биде задолжена за чување на културното наследство во Бугарија. Тоа го соопшти бугарскиот министер за култура Велислав Минеков.

Според него, новата формација ќе биде истовремено подредена на Министерството за култура и на Министерството за внатрешни работи.

Минеков објасни дека последен пат разговарал со ректорот на полициската академија за да започне со обука на таков тим.

Според него, полициската единица ќе биде како и француската служба за заштита на културните добра и таква иста на карабинерите во Италија.