Изложбата „Хрватска низ времето" ќе се одржи вечерва во фоајето на Центарот за култура „Иљо Антески – Смок" во Тетово, со почеток во 19 часот, во организација на Македонско-хрватско друштво (МХД) од Тетово.

– Автори на ликовните дела се околу 20 учесници од двомесечната ликовна работилница на МХД, под менторство на м-р Славчо Максимовски. Изложбата ќе биде збогатена и со музичка интерпретација на македонски и хрватски песни во изведба на триото „Шербет", информираат од МХД.

Организаторите потсетуваат дека е потребно задолжително носење на заштитни маски и одржување на потребната раздалеченост.