Летен креативен и едукативен саем за деца од 10 јуни до 10 јули се одржува онлајн на платформата www.viart.mk и во книжарницата за деца „Виарт“ кај Универзалната сала во Скопје.
Саемот ќе понуди попусти на детски и едукативни изданија и производи, интерактивни и друштвени игри, сложувалки, бајки, сликовници, боенки, а ќе има и работилници и средби со писатели за деца и илустратори.
– Целта е да се стекнуваат нови знаења и да се поттикнува детскиот развој, говорот, пишувањето, читањето, цртањето и фантазијата, соопшти организаторот на саемот.