Вчера во периодот од 14 до 20 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 63 возачи, од кои 39 на територија на Тетово, а 24 на територија на Гостивар.

52 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а осум за дури над 70 километри на час над дозволената.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.


Администратор
21/06/2021 09:19