Во контекст на „незапаметена” апстиненција, имено гласаа само 33,9 отсто од 48-те милиони француски избирачи, канидатите на владеачкото мнозинство нема да можат да учествуваат во вториот круг на регионалните избори, додека Националниот собир на Марин Ле Пен, успева да најде во позиција да победи само во регионот Прованс Алпи Азурен брег, далеку од неговите првични амбиции, јави дописникот на МИА.

Рекордната апстиненција, партиите кои беа на умирање по политичкиот земјотрес предизвикан со победата на Емануел Макрон во 2017 повеќе не умираат, другите се во криза на раст, институтите за испитување на јавното мислење останаа без компас и играта е повеќе од нејасна од кога било досега, само десет месеци пред претседателските избори. Премиерот Жан Кастекс предвиде дека на овие избори ќе бидеме сведоци на „политичкото рекомпонирање” на Франција, на што сигурно ќе треба да се почека.

Резултатите од сите региони и департмани на на национално ниво, би изгледале вака: десницата излегува победник со помеѓу 27,2 и 29,3% од гласовите, социјалистите освојуваат помеѓу 16,5 и 17,6% од гласовите, Националниот собир РН помеѓу 19,1% и 19,3% и Републиката во марш околу 10-11% од гласовите.

Анкетите ветија дека Националниот собир (РН) ќе излезе на врвот во 6 од 13 региони во Франција, Но тоа му успева само во еден, во Прованс-Алпи-Азурен Брег. Кандидатите од претседателското мнозинството се надеваа дека ќе ја имаат одлучувачката улога, но тие не го поминуваат прагот од 10 отсто – минималниот праг што треба да им дозволи да се нјдат во вториот круг, на 27 јуни, во 8 региони. И ова, без никаква реална способност да влијааат на исходот на изборите.

Десницата и левицата, во меѓувреме, ги одржуваат своите позиции. Освен во Прованс Алпи Азурен брег, сите претседатели на регионите во заминување се најдоа на првите позиции, а некои сонуваат да го нарушат дуелот најавен меѓу Емануел Макрон и Марин Ле Пен, во 2022 година, како Ксавие Бертран, веќе деклариран кандидат на Републиканците и претседател кој има шанси да биде реизбран во Горна Франција.

Сепак треба да се има трпеливост. За момент, главниот нарушувачки елемент на француската демократија останува неизлезноста на изборите. „Абисалната” неизлезеност како што ја нарече владиниот портпарол Габриел Атал, може да промени многу нешта. Со само 33,9% од гласачите кои излегоа на гласање, Франција ги истражуваше, во неделата, длабочините непознати од референдумот за петгодишниот мандат во 2000 година (30,2%).

Со пад од 16 поени во споредба со регионалните избори во 2015 година, учеството стана главна тема на дебата во неделата вечерта, каде што најпрво се очекуваше жестока расправа околу прашањето за републиканскиот фронт што треба да се донесе пред „крајната десница”.

„Демократијата без гласачи не е демократија”, изјави лидерот Ла Франс инсуми (Непокорна Франција), Жан-Лук Меланшон, покажувајќи со прстот кон „лошата организација” од извршната власт на изборната кампања: „Понекогаш програмите не пристигнуваа до гласачите, понекогаш гласачките ливчиња не се присутни на избирачките места. „Тоа е недостојно“, додава претседателот на партијата Републиканци (ЛР), Кристијан Жакоб, според кого владата „има огромна одговорност” за оваа ситуација.

Резултат на оваа огромна неизлезеност создадае чадна завеса која ги помеша картите. Доколку Националниот собир (РН) и Ла Републиката во марш, од 2017 година, всушност, се гледаа себеси како господари на политичката игра во земјата, сега се далеку од тоа..

Свесен за слабоста на своите трупи на локално ниво, Емануел Макрон долго се двоумеше пред да се фрли во битката за регионите. Крајниот рок на крајот се покажа како тежок за премостување заради неговата близина до претседателските избори. Во текот на целиот месец јуни, Макрон ја прошета Франција, во кампања која не го носеше тоа име, можност да се тестира неговата популарност, која расте од крајот на затворањето.

„Ситуацијата покажува многу голема кревкост во перспектива на 2022 година”, алармираат од мнозинството, каде повикуваат на „фино анализирање на јазот помеѓу популарноста и намерите да се гласа во полза на претседателот”.

За претседателката на РН Мари Ле Пен, резултатот од неделата претставува „погрешна визија за вклучените политички сили”. „Изобличувањето на намерите за гласање измерено со анкети со вистински гласови има само едно објаснување: нашите гласачи не излегоа. Според испитувањата, 73% од гласачите на Марин Ле Пен во 2017 година се појавиле пред урните во неделата, наспроти 60% од тие на Емануел Макрон и 44% од тие на Франсоа Фијон.

Шансите за победа на РН во голема мера исчезнаа. Само Тиери Маријани, кој дојде прв во Прованс-Алпи-Азурен брег со 36,38% од гласовите, пред претседателот во заминување (Републиканци), Рено Музулие(31,91%), задржува малку надеж.

Непостоечка на национално ниво, Социјалистичката партија најде освежување со овие резултати, засилени од Зелените, во Окситанија, Центар Вал де Лоара, Бретања и Нова Аквитеанија, сите досегашни претседатели на регионите од редовите на социјалистите се најдоа на првите места.

Со 28,7% од гласовите на национално ниво, десницата сака да види во овие резултати почетокот на нејзината препородба


Администратор
21/06/2021 11:44