Македонскиот првак Вардар 1961 и следната сезоната ќе стартува директно од групната фаза во ракометната Лига на шампиони (ЛШ), потврди денеска Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Покрај македонскиот шампион, место во групната фаза за сезоната 2021/22 добија и ППД Загреб, Алборг, ПСЖ, Кил, Фленсбург, ПИК Сегед, Киелце, Порто и бранителот на титулата Барселона.

Преостанатите шест места ќе бидат дополнети со вајлд карта, која ќе ја добијат шест од 12-те пријавени екипи (Мешков Брест, Гудме, Монпеље, Веспрем, Елверум, Висла Плоцк, Спортинг, Динамо Букурешт, Горење, Шафхаузен, Савехоф и Мотор Запорожје).

Конечната одлука ќе биде донесена на 28 јуни, а жрепката за новата сезона во елитното ракометно клупско натпреварување е закажана за 2 јули.


Администратор
21/06/2021 14:57