Од невремето кое го зафати Радовиш,откорнати се повеќе дрвја, искршени се гранки кои паднале врз неколку возила предизвикувајќи помали штети.

Од невремето кое го зафати Радовиш, проследено со обилни врнежи и силен ветар, откорнати се повеќе дрвја, искршени се гранки кои паднале врз неколку возила предизвикувајќи помали штети, а на повеќе места биле затнати решетките од атмoсферската канализација.

Според информацијата од ЈП „Плаваја", со расчистувањето на последиците од невремето почнале веднаш по престанокот на невремето со цел да се овозможи одвивање на сообраќајот и пристап до објектите.

Според градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов, расчистувањето продолжува во текот на денешниот ден и се очекува до утре штетите да бидат санирани.