Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во првото тримесечје од 2025 година изнесува 34 542 метри кубни и во однос на првото тримесечје од 2024 година е зголемено за 23,5 отсто. Во истиот период продажбата на шумски сортименти изнесува 26 619 метри кубни и бележи зголемување од 16,1 процент.
Како што информира Државниот завод за статистика, зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, рудничкото дрво од иглолисни видови, другото обло дрво од иглолисни видови и кај огревното дрво од листопадни видови.
Намалување на шумското производство е забележано кај просторното дрво од иглолисни видови и кај огревното дрво од иглолисни видови.