Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионални патишта, Беким Мемеди, денеска ќе извршат увид во реконструкцијата на регионалниот пат Радовиш-Плачковица.

По завршување на увидот предвидено е да дадат изјави за медиуми пред зградата на Општина Радовиш.