Аргетим Војника е нов началник на Одделението за внатрешни работи во Дебар, кој на оваа функција е наименуван со решение на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Триесет и шестгодишниот Војника дипломирал на Правниот факултет, а во министерството за внатрешни работи е 12 години, покажувајќи успешност и професионалност во извршувањето на поставените задачи.

На новата функција доаѓа од местото командир на Полициската станица од општа надлежност во Дебар.

Претходно бил командир на граничниот премин „Блато”, а пред тоа заменик командир на преминот „Џепиште” и двата премина на македонско-албанската граница кај Дебар.

На функцијата началник на ОВР-Дебар, кое со својата активност ги покрива оваа и соседната општина Центар Жупа, до сега беше Арбен Думани, кој е наименуван за командир на полициското одделение за безбедност во сообраќајот. Тој е дипломиран правник а во МВР е од 2002 година.