Во рамките на проектот за институционално јакнење на организацијата, Рурална коалиција повторно делува на терен и успева да ја мобилизира локалната заедни, овој пат со најмладите членови на заедницата.
Извршната директорка Лиљана Јоноски потврди дека во период од три месеци активно се работеше на уредување на надоврешноста за игра и забава на градинката „Олга Мицеска“ од Кичево. Руралната коалиција поддржана од Цивика Мобилитас придонесе во уредување на дворот и обезбедување детски играчки за децата од градинката.
– Ваквите иницијативи на локално ниво се повеќе од потребни затоа што оставаат добар пример но во исто време ги мотивира и останатите заедници да се активираат и да придонесат за подобрување на квалитетот на животот во локалната заедница, затоа што промените пак се можни само ако самите ги донесеме што е основно мото на програмата на Цивика Мобилитас, вели Јоноски.
Таа додава дека поддршката и од страна на донаторите во земјава е повеќе од потребна особено ако се прават вакви акции што ги поттикнуваат самите граѓани и кога особено се однесуваат на оние на кои што ја оставаме иднината, и кои што се обидуваме да ги задржиме во локалната заедница, а тоа се децата.
Инаку Цивика Мобилитас е програма на швајцарската агенција за развој( СДЦ) и соработка за поддршка на граѓанското општество во Македонија, кои ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка( МЦМС) и ФЦГ од Шведска.