Заменик-министерот за транспорт и врски Беким Реџепи денеска ја посети општина Боговиње каде заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и градоначалникот на општината Албон Џемаили, извршија увид во реконструкцијата на водоводната мрежа во Камењане.
Со проектот се предвидува реконструкција и рехабилитација на старата водоводна мрежа во населеното место Камењане.
– Предвидено е да се реконструираат 13.5 километри водоводна мрежа и тоа 8.5 километри од првиот извор (Синички извор) и пет километри од вториот извор (Бели води). Со овој проект ќе се обезбеди од 20 литри во секунда што е доволна за потребите на околу пет илјади жители што живеат во ова населено место, изјави заменик-министерот Реџепи.
За овој проект обезбедени се 244 илјади евра од Министерството и се очекува тој да биде завршен во рок од девет месеци.
-Дополнително обезбедени сè уште 350 илјади евра за реконструкција на водоводот во н.м Палчиште, соопшти Реџепи.
За градоначалникот Џемаили, инвестициите во инфраструктурата ќе придонесат за побрз развој на општината и подобрување на условите за живеење на жителите на општината.