Со донација на песок од страна на ГП„ Гранит“, ќе се подобруваат условите за риболов на Осломејско езеро, бидејќи овој песок ќе биде наталожен на боксовите каде што риболовците ќе можат да престојуваат во текот на претстојните риболовни натпревари.
Транспортот на песокот го изврши локалната компанија„ Линди“, која со свои камиони бесплатно го транспортира до самото езеро.
-Со 50 кубни метри песок подарок од ГП„ Гранит“, ќе се подобруваат условите за престој и риболов на Осломејско езеро.Количеството на песок до самото езеро бесплатно го транспортира локалната градежна компанија„ Линди“ од Кичево. Покрај членовите на риболовното друштво„ Хантер Фиш“ кои во најголем дел со свои средства во неколку наврати го порибија езерото, по истите стапки овој пат тргнаа градежните компании„ Гранит“ и„ Линди“, кои со својот придонес овозможија условите за риболов и престој на Осломејско езеро да бидат се подобри-вели Мире Ночески, портпарол на риболовното друштво„ Хантер Фиш“ од Кичево.
Тој додава дека и Општина Кичево, поточно градоначалникот Фатмир Дехари, уште во текот на минатата есен најавил помош од секаков вид , со донации кои ќе бидат одобрени на ЕЛС„ Кичево“.Оваа помош ќе се насочува кон подобрување на инфраструктурата околу езерото,.изградба на пристапни патишта и боксови каде ќе бидат лоцирани риболовците за претстојните натревари а, во најава се и други содржини, какви што досега нема овој езерски бисер.за/