Од 8.30 часот утре без вода ќе останат дел од корисниците на булеварот „Трета македонска бригада“.

Причина за прекинот се активности за водоводен приклучок на цевка со пречник ф-200.

Од Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на информација од ЈП „Водовод и канализација” информираат дека прекинот ќе трае до завршување на активностите.