Околу четириесет карневалисти од Струмица учествуваа на традиционалниот и еден од најстарите карневали во Србија, во Бела Црква.
Струмичани таму се претставија со маските „Струмички шпагети“ од Основното училиште „Видое Подгорец“ и „Јин и Јанг“ од Средното училиште „Никола Карев“.
На карневалот во Бела Црква покрај карневалисти од Струмица, учествуваа и маски од Црна Гора, Хрватска, Словенија и Србија.
Заради пандемијата Меѓународниот струмички карневал не се одржаа оваа година и лани, а карневалските групи од градот по подолго време излегоа надвор од границите на државата.