Локалната самоуправа во Кичево работи на осовременување на патната инфраструктура во населбата Иванидол, каде е лоцирана и првата индустриска зона која почна да се гради пред повеќе од 10 години.
-За да ги подобриме условите за живот и престој, како во централниот дел на Кичево, така и во приградските населби, пристапивме кон осовременување на патната инфраструктура во една од поновите градски населби – населбата Иванидол. Во оваа населба целосно е обновена водоводната мрежа и истата ја добиваат сите домови и стопански субјекти ,изградена е нова фекална канализација, нов широк коловоз со прописни тротоари и е инстализирано и ново јавно осветление, информираат од општината.
Деновиве, слични градежни активности има и во населбата Пашино, каде беше изграден мал плоштад, нова фекална канализација, а на повеќе улици е поставен нов слој асфалт и бекатон плочки.