Волонтерите од Црвен крст Делчево спроведоа превентивна акција за заштита од топлотниот бран на населението. Со акцијата, како што информираа од Општинската организација на Црвен крст, биле опфатени повозрасните граѓани затекнати низ делчевските улици.

-Волонтери од Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Делчево реализираа теренски активности во насока на справување со најавените топлински бранови. Со овие активности се вклучуваме во делот на заштита на здравјето на граѓаните од нашиот град, при што посебен акцент ставивме на повозрасната категорија граѓани, информираа од Црвен крст Делчево.

Делењето шишиња вода беше составен дел од акцијата која граѓаните ја поздравија.

-Секоја чест за децата, бидејќи на ова топло време, водата е најпотребна. Иако има фонтани низ градот, сепак ваквиот начин на разладување е важен во овие топли денови, истакнаа граѓани.

Од Црвен крст Делчево најавија повеќе вакви акции во текот на летниот период кога температурите се највисоки.