Полицијата ги подучува матурантите од Кавадарци за да имаат среќни и безбедни матурски вечери. Во пресрет на матурските вечери кои во Кавадарци и во другите градови ќе се организираат оваа недела, денес беше реализирана средба со матуранти од средните училишта, токму на оваа тема.

-Целта на оваа едукација беше да им се укаже на матурантите на оваа за нив најубава вечер, да ја задржат присебноста кога е во прашање употребата на алкохол и управувањето со моторно возило. Се надеваме дека и родителите ќе го дадат својот придонес на оваа тема во разговор со своите деца, со цел да се спречат несакани последици по здравјето и животот на матурантите, рече Димитар Каракулев, инспектор за превенција.

Тој нагласи дека отсекот за превенција, посакува безбедно матурско празнување. с