Продолжуваат промотивните планинарски тури во организација на Планинарскиот-спортски клуб „Голак“ од Делчево. Врвот Сива Кобила беше дестинацијата во чии рамки како што информираше претседателот на клубот Љупчо Чучуковски членовите на клубот реализираа кружна планинарска тура во должина од 15 километри.
– Врвот Сива Кобила се наоѓа на1603 метри надморска висина на Осоговските планини во областа Пијанец, каде се наоѓа таканаречениот граничен камен 84, како и некогашната воена караула од Кралство Југославија, подоцна користена од југословенската и македонската армија, а денес веќе не е во функција. Маршот го започнавме од Костин дол со вкупна должина на кружната патека која изнесуваше од 15,2 километри и висинска разлика од 638 метри, рече Чучуковски.
Како единствен регистриран планинарски клуб на крајниот североисток Чучуковски додаде дека ПСК „Голак“ ќе продолжи со промоција на малку познати места во Пијанец.
– Генерално имавме еден убаво поминат позитивен ден, со уште поубаво позитивни членови на ПСК „Голак“ Делчево со кои продолжуваме како единствен регистриран планинарски спортски Клуб во крајниот источен дел во државата, заедно со Федерацијата за планинарство да ги промовираме интересните, но помалку познати врвови и места во овој дел на државата и посебно во областа Пијанец, додаде Чучковски.
Следна активност на клубот како што додаде ќе биде вклучување во младинскиот камп кој летово ќе се реализира летово на планината Голак.