Во понеделник во раните утрински часови на подрачјето на општина Куманово ќе се изврши авионско прскање против комарци, соопштија денеска од Општината и ги повикаа пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.
Во случај да не се изврши авионско прскање поради неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе се одложи за нареден ден, за што Кумановци дополнително ќе бидат информирани.
Општина Куманово на 2 јули годинава склучи договор со Друштво за авио-услуги БОНИЕР ДООЕЛ Куманово за авионска прскање против комарци за 800.000 денари без данок на додадена вредност.
Општината спроведе и ларвицидна дезинсекција во три наврати која се спроведува преку друг тендер. За ларвицидна дезинсекција, за дератизација против глувци и за дезинсекција против крлежи, Општината одвојува 600.000 денари без данок на додадена вредност.