Хрватскиот ракометен репрезентативец Јосип Божиќ Павлетиќ (27) денеска официјално е промовиран во новo засилување на македонскиот вицешампион „Еурофарм Пелистер“.

Хрватскиот ракометар дојде од редовите на бундеслигашот Гепингем и со екипата од Битола потпиша едногодишен договор, со опција за уште продолжување на соработката за уште една сезона.

– Доаѓањето во овој клуб го гледам како напредок во мојата кариера. Клубот е амбициозен, расте секоја година и мислам дека ги имаме сите предуслови за одлична сезона“, изјави Павлетиќ за клупскиот сајт.


Администратор
24/07/2021 00:56