Без изненадување мина првото коло од олимпискиот ракометен турнир на кој денеска својот прв натпревар во Токио го судеше македонската двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Македонските арбитри ја делеа правдата на натпреварот во кој Египет ја совлада Португалија со 37:31, додека, претходно во дербито на првото коло, Шпанија минимално ја совлада Германија со 28:27.

На преостанатите натпревари од воведното коло, Франција ја совлада Аргентина (33:27), Шведска избегна изненадување од Бахреин (32:31), додека, Норвешка беше поуспешна од Бразил (27:24), а Данска рутински го совлада домаќинот Јапонија (47:30).


Администратор
24/07/2021 18:04