Најмалку четири телевизии и 11 радио станици беа принудени да запрат со работа и да затворат поради нападите на радикалните талибански борци во јужен Авганистан.

Според 1ТВ њуз, ова се должи на офанзивата на Талибанците во Лашкаргах, главниот град на најголемата авганистанска провинција Хелманд.

Во Авганистан се одвиваат жестоки борби меѓу владините сили и талибанските борци кои ја презедоа контролата врз голем дел од селските региони и започнаа напади врз поголемите градови. Минатата недела беше објавено дека борците стигнале до Херат, центарот на истоимената провинција во западниот дел на земјата и дека се борат во Лашкаргах.