Квентин Тарантино јавно си ја повтори заклетвата дека на мајка сѝ нема да ѝ даде „ниту денар“, оти кога бил млад, таа се обидела да му „ја заврши“ филмската кариера. Познатиот режисер во новата епизода на интернет-емисијата „Момент“ на Брајан Копелман се потсети на ветувањето кон себеси кога имал 12 години.

– Мајка ми никогаш не ја поднесуваше мојата „схоластичка неспособност“… Беше кучка околу тоа дека пишував сценарија. А потоа, среде една нејзина мала тирада, таа рече „О, патем, оваа мала писателска кариера, со цитати ’од прсти’ и сѐ тоа… Со оваа мала ‘писателска кариера’ што ќе правиш?“ Тоа беше – крај!, вели Тарантино.

Тој го доживеал тоа како понижување и сѐ уште е навреден. Сѐ уште е решен – мајка му да не добие ни најмалку пари од него.

Инаку, сега веќе 58-годишниот филмаџија, кој пред две години го доби и првото свое дете со сппругата, израелската пејачка, Даниела Пик, за неговиот тогашен оскаровски филм „Си беше еднаш во Холивуд“ најавуваше дека ќе му биде претпоследен. Но, сега, тој размислува и со него да се пензионира како режисер, за да не го расипе добриот впечаток.


Администратор
10/08/2021 14:58