Тимот на МЗТ Скопје Аеродром претстојниот викенд ќе учествува на меѓународен кошаркарски турнир во Лесковац, Србија.

„Сино-белите“ на овој турнир ќе настапат со комбиниран состав во кој главната улога ќе ја имаат новите странски засилувања и младите сили.

– Рехабилитацијата од повредите се причина поради која во соседна Србија нема да патуваат капитенот Дамјан Стојановски, Адем Мекиќ, Кристијан Николов и Дамјан Робев, кои ќе останат во Скопје за да ги одработуваат потребните терапии за што побрзо да се вратат во тимот. Тоа значи дека тренерот Дарко Радуловиќ од поискусните на располагање ќе ги има Бојан Крстевски, Хуан Дејвис, Дастин Вер и Роберт Рикиќ, како и 19-годишните Андреј Андоновски, Дарио Митевски, 18-годишните Димитар Иванов и Марко Спасовски и нашата голема перспектива, 15-годишниот Бојан Величковски, информираат од таборот на аеродромци.

Во утрешното полуфинале, македонскиот шампион ќе ги одмери силите со домашниот тим Здравље (почеток 17 часот), додека во втората полуфинална пресметка ќе се сретнат Борац Чачак и Вршац.

Задутре, пак, се играат средбите за пласман, победниците за првото место на турнирот, а поразените за третата позиција.


Администратор
03/09/2021 00:39