На 08.09.2021 (среда) најавен е мото-пешачки протестен марш од Скопски саем кон Влада на РСМ. За таа цел од 10,30 часот до завршување на протестот етапно ќе бидат затворени за сообраќај: бул. "Гоце Делчев" на потег од ул. "Беласица" кон бул.“Илинден“ и бул."Илинден" на потег од бул."Гоце Делчев" до бул."Климент Охридски".

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници како и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.


Администратор
08/09/2021 01:47