Модуларните болници не се само проблематизирани според начинот на изведбата и поставувањето, туку, на пример таа во Струга е нелегално поставена, узурпирајќи го имотот на стружанецот Алим Цицо, објавува Алфа.
- Се буниме заради влезот што го отворија во тој дел, во нашиот имот.Тие имаа влез од оваа страна, ето ти го влезот каде е. Не можеме ни прозорец да отвориме ни ништо.Роднините на тие што починуваат не сакаат да ги земат алиштата и ги фрлаат онде пред врата,креветите ги иставаат тука да се луфтираат.
Новинар: Од починатите?
-Од починатите нормално, вели Цицо.
-Ќе умре на пример некој, го вадат надвор креветот, вадат душеци, што не! Прво ги гледаш тука ги изнесуваат умрените, го фаќа го фрла во комбето, страшна работа. И ноќно време, се качуваат на столица и викаат на прозорецот бидејќи прозорите се заградени има платно, одозгора се качува и гледа, раскажува друг стружанец.
Модуларната болница е и покрај кејот на Дрим.
-Трауматично,трауматично, знаете каква е заразата, не можеш од никого да се довардиш, а ние сме овде изложени на тој ризик секој ден. Децата сега ние фактички ги држиме како во затвор, бидејќи не можеме надвор да ги пуштаме, овде се движат секакви луѓе не знаеш кој е заразен кој не е, вели Денис Јусуфоски, жител на Струга.
Мештаните поднеле барање во рок од 7 дена да се затвори спорниот влез, во спротивно ќе ја тужат болницата.
Директорот Арменд Арслани не се чувствува одговорен. Проблемот не бил негов оти тој таква ја затекнал модуларната болница. Други надлежни институции, вели тој, требале да си го решат ова.