На шпанскиот остров Ла Палма еруптираше вулкан и првпат по половина век исфрла лава, чад и пепел, поради што се евакуирани илјадници жители.

Вулканот Камбре Виеја, кој се наоѓа на Канарските Острови во Атлантскиот Океан, последен пат еруптирал во 1971 година.

Шпанската полиција соопшти дека меѓу 5.000 и 10.000 жители се евакуирни од погодената област поради ерупцијата на вулканот, пренесува Анадолија.

Досега чадот и лавата зафатија четири главни автопати.

Шпанскиот премиер Педро Санчез рече дека ќе го одложи претстојното патување во Њујорк, каде треба да присуствува на Генералното собрание на ОН и дека наместо таму ќе отпатува за Ла Палма.

Неколку шпански научници за локалните медиуми изјавија дека ерупцијата може да трае со недели, а лавата би требало да се слее во океанот.

Ерупцијата на вулканот не влијаеше на воздушниот сообраќај на островот.

Претседателот на Канарските Острови Ангел Виктор Торес изјави дека засега нема извештаи за човечки жртви.


Администратор
20/09/2021 15:46