Во паркот пред Културно-Информативен Центар – Скопје денеска ќе биде промовирана книгата „Несоници“ од Ерол Туфан.

Книгата е мала енциклопедија од 99 „несоници “ посветени на видни уметници низ историјата на човештвото: скулптори , сликари , фотографи , музичари , артисти, писатели , поети , фотографи , синеасти…

Поетот, есеист и преведувач Ерол Туфан е роден 1959 год. во Гостивар. Во 1992 год. се иселил во Турција. Работи како самостоен адвокат во Истанбул. Досега во Скопје на македонски јазик ги објавил: книгата есеи „Книгољубецот “ ( 2006 и повторно 2011 ) , книгата поетски есеизации „Несоници “ ( 2020 ) и книгите поезија : „Балкански син “ ( 2013) , „Камчето од Вардар “ ( 2016 ) , „Ликовите во мене “ ( 2021 ) . Изборите „Ерол трагом Ерола “ ( 2016) и „Књигољубац “ ( 2017 ) објавени се на српски јазик во Белград. Двојазичниот избор од поезијата на македонски и турски јазик „Меланхолија / Melankoli “ (2020) објавена во Скопје. Во Истанбул во печат му е стихозбирката на турски јазик „Hülya bitince“ . Член е на ДПМ , УКС и ТФП.


Администратор
23/09/2021 10:33