Меган Маркл и принцот Хари вчера пристигнаа во Њујорк каде што, меѓу другото, го посетија и Светскиот трговски центар.

Во поглед на стилот, Меган беше облечена во црни панталони, црна маица и црно палто. Хари носеше црно одело. Со тоа, тие сакаа да им оддадат почит на жртвите од терористичкиот напад од пред 20 години, на 11 септември 2001 година.

Тие, меѓу другото, се сретнаа и со градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио.

Двојката цело време беше придружувана од силно обезбедување.


Администратор
24/09/2021 15:24