Во Кичево денеска започна со работа петата сесија од Семинарот за изворен фолклор што го организира КУД „Бисер“ од Кичево.

На отворањето на семинарот воведно излагање имаше проф. Горан Делески, кој меѓу другото посочи дека на учествуваат експерти од областа на фолклористиката и музиката.

За денешната програма, информира, е планирано да се обработи оркестрација на народни песни и игри, а предавач ќе биде професор Бошко Тренески. За етноорелопошки карактестики на играорните подрачја во Македонија, најави тој, ќе зборува Стојанче Костов.

– Работилницата ќе ги опфати Женско оро-Свекрвино со кореографија на Цане Ѓорѓијоски. Во текот на денешната програма ќе биде промовирана и книгата „Етноореолошкото наследствао“ на Роберт Хенри Либман, рече Младен Ванчоски од КУД Бисер, организатор на семинарот.

Тој посочи дека за карактеристиките на инструментот тамбура ќе зборува Стојанче Костов, додека Родна Величкоска ќе се наврати на обредното пеење, а презентацијата на народните носии ќе има Ване Трајков.

Ванчоски информира дека првиот ден од семинарот ќе заврши со втората работилница, а ќе се обраборува орото Четворка со предавач Бошко Тренески и демонстратор Цане Ѓорѓијоски.

На вториот ден од семинарот за обредното пеење ќе зборува др.Родна Величкоска, по што следуваат работилници за свирење народни инструменти и за ората Свекрвино и Четворка. За народните инструменти ќе зборува Стојанче Костов, додека ората ќе ги презентира Цане Ѓорѓијоски.

Програмата треба да се реализира во текот на наредните два дена, а за нејзина реализација ќе се погрижат експертите од областа на фолклорот и музиката др.Родна Величковска и мр Стојанче Костов, етномузиколози и професор мр.Бошко Трпески поранешен директор на „Танец“.

Планирано е на крајот да има евалуација на Семинарот и доделување сертификати и благодарници за учесниците.

Ванчоски истакна дека на семинарот се присутни и членови од десетина фолклорни друштва од земјава и тоа од Прилеп, Охрид, Струга. Битола, Скопје и други градови од земјава.