Во кафе-книжарницата „Буква“ денеска ќе биде промовирана сликовницата „Што виде бубамарата?“ на Румена Бужаровска и Јана Јакимовска, во издание на издавачката куќа „Чудна шума“.

„Што виде бубамарата?“ е прва книга за деца на писателката Бужаровска и прв коавторски проект со уметницата Јакимовска. Раскажува за бубамарата која еден ден решава да направи нешто убаво за себе и тргнува на пат низ целиот свет. Шетајќи низ шаренолики предели, сведочи случки на различни чудни ѕверки…

-Иако првенствено наменета за деца, оваа сликовница со „стихувани сказни“, како што ги нарекува Бужаровска, е подеднакво интересна и за возрасните, кои ќе се насмеат кога ќе ги препознаат ликовите и ситуациите со кои често се среќаваат во секојдневието, соопшти издавачката куќа.

На промоцијата на сликовницата ќе има и мала креативна работилница за деца со цртање и боење.

Настанот ќе се одржи согласно здравствените протоколи и актуелните мерки за заштита од КОВИД-19.


Администратор
26/09/2021 12:19