Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 63 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, 9 за возење под дејство на алкохол, 11 за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 3 мерки за неносење на сигурносен појас, 7 за возач почетник, 8 за користењена мобилен телефон, 21 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.


Администратор
26/09/2021 12:56