Триесет и петгодишен жител на ресенско село вчера во 14.11 часот во Полициската станица Ресен пријавил дека околу 14 часот дошла неговата сопруга Д.Н.(31), со која се во бракоразводна постапка, заедно со нејзината мајка и физички ги нападнале баба му и неговата девојка.

Д.Н. потоа се обидела со нож да го повреди него. Полициски службеници излегле на местото и од Д.Н. бил одземен ножот. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.


Администратор
27/09/2021 02:51