Падна првиот снег во Малешевијата. Снежните врнежи се најизразени кај месноста Крива Круша во Пехчевско, каде од утрово интензивно паѓа снег, додека во останатите општини од Пијанечко-Малешевскиот регион Македонска Каменица, Делчево и Берово преовладуваат врнежи од дожд.
Сообраќајот, како што јавуваат возачи, се одвива по влажни коловози, на места прекриени со снег.
Целокупниот сообраќај на регионалниот пат Делчево – Пехчево – Берово се одвива без одрони и проблеми на патиштата.